МТЕЛ со донација за Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово
Објавено во: Мои пари 17 Март, 2023 12:50
Отсега корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово дел од своето слободно време може да го минуваат уживајќи во квалитетна телевизиска содржина. Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ постави mSAT TV во заедничката просторија на домот каде сите жители ќе имаат можност да следат повеќе од 140 телевизиски канали од mSAT TV Max пакетот.

„Како компанија која меѓу своите приоритети ја има и општествената одговорност, огромно задоволство ни е што можевме преку оваа донација да придонесеме за попријатен престој на лицата во Домот и да им овозможиме дел од своето слободно време да го поминат уживајќи во квалитетните телевизиски содржини кои ги нуди нашата сателитска телевизија mSAT TV“ велат од МТЕЛ.

Донацијата следеше откако еден од корисниците на Домот, задоволен од услугите на МТЕЛ кои тој лично ги користел, испратил писмо до компанијата изразувајќи задоволство и пофални зборови за содржините кои ги нуди МТЕЛ.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




