19 Јануари, 2025
0.0290

МТСП: Во поглед на ССМ постапуваме законски, се дистанцираме од обвинувањата

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика испрати соопштение во кое се дистанцира од обвинувањата на Живко Митревски, претседателот на ССМ кој добива голема регионална поддршка од синдикатите бидејќи обвини за мешање на Ременски во неговата работа со наводната поддршка на лица кои се обиделе да направат фалсификат и да го сменат од функцијата. 

Затоа МТСП потенцира дека согласно со Уставот на Република Македонија и Законот за работните односи, заради остварување на своите економски и социјални права, работниците имаат право по свој слободен избор да основаат синдикати и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со Статут нa синдикатот.

Поаѓајќи од овие уставни и законски одредби, Министерството за труд и социјална политика како надлежна институција,  континуирано го поддржува и охрабрува секое синдикално организирање од страна на работниците и во таа смисла го воспоставува и негува социјалниот дијалог во Република Македонија.

Во претходниве неколку дена во јавноста имаше реакции во однос на шпекулациите кои се појавија околу промената на првиот синдикален претставник на Сојуз на Синдикати на Македонија Живко Митревски, а во тој контекст и  пренагласен повик и злоупотреба на името на Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Би сакале да Ве информираме дека како надлежно Министерство од областа на трудот, законски, професионално и без никакви предрасуди или приклонување кон ниедна од овие две страни кои се инволвирани во целата оваа постапка, ја извршуваме својата законски одредена обврска и истовремено ја информираме целокупната јавност, дека се дистанцираме од сите овие внатресиндикални превривања, кои од друга страна беа предизвикани и од односот на првиот човек на Сојуз на Синдикати на Македонија, кој во пред изборието потпиша Меморандум за соработка со партиски лидер.

Во оваа прилика информираме, дека согласно со Законот за работните односи, во Регистарот кој се води во Министерството за труд и социјална политика, врз основа на барање на синдикатите мора да се пријави секоја промена на називот на синдикатот, односно здружението на работодавачите, односно подружницата или друг облик на внатрешно организирање, седиштето, подрачјето на дејствување, називот на извршното тело, лицето овластено за застапување престанокот на дејствувањето, односно овластувањата во правниот промет.

Согласно со наведеното, произлегува дека законска обврска на Министерството за труд и социјална политика е да постапува и да ги реализира сите барања за промени поднесени од синдикатите на повисоко ниво, а кои се законски основани.

Постапувајќи по вакво барање Министерството ги достави до Централниот регистар на Република Македонија промените кои се извршени во Сојуз на Синдикати на Македонија, но се досега од страна на оваа институција, не е постапено по нашето барање, од што произлегува дека сеуште нема извршено промени во претседателската функција на  Сојуз на синдикати на Македонија, што од друга страна го покренува и прашањето за непостапување во законски утврдени рокови на државните институции, согласно со надлежностите за кои се формирани.

Министерството за труд и социјална политика како и досега ќе си ја врши својата улога во поглед на синдикалното здружување, согласно со надлежностите кои и се дадени и понатаму е и ќе биде отворено за соработка со сите надлежни институции, а се со цел да се остваруваат правата на граѓаните на Република Македонија и се оградува од сите невистини и манипулации со кои се сака да се наштети како на институцијата Министерство, така и на институцијата Министер.


Можеби ќе ве интересира

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите