05 Декември, 2025
0.1427

МТВ во напад, бара нови реклами!

Објавено во: Економија 12 Декември, 2012 13:55

Добивај вести на Viber

Со  јавна презентација пред околу 150 маркетинг експерти, раководството на МРТВ ја презентираше новата програмска шема на Македонската телевизија, но и новиот начин на закуп на медиски простор. Со новините се овозможува точна сегментација на популацијата што гледа одредена програма во одреден термин, па на оние кои сакаат да пуштат реклама на МТВ со ова ќе им биде олеснето да увидат каде таа ќе има најголем ефект. Принципот на пресметување на цена по поен (CPP-cost per point) пак, според раковоството, овозможува секој од нив да знае точно во кое време кого тагретира, со оглед на податоците кои сите телевизии ги имаат од рејтинзите. „Со овој начин на рекламирање секој клиент ќе знае точно колку неговата реклама ќе има ефект. Односно секој оној што ќе одлучи да се рекламира на Македонската телевизија ќе има точна сегментација на популација што го гледа и каде ќе има најголем ефект од неговата реклама. Нема политика на дампинг цени, нема попуст од 90%, нема компензации, нема нејасни бизниси, туку ценовник што ќе важи за сите подеднакво“, изјави Слободан Младеновиќ, од маркетинг секторот на МРТВ. Инаку, според законот секое семејство Македонија има обврска да плаќа по 190 денари месечно за радиодифузна такса, пари од кои во најголем дел се финансира МРТВ.  Токму поради ова, во неколку наврати реагираа приватните телевизии кои сметаат дека со тоа што на МТВ и се дозволи да пушта комерцијални реклами, тие се доведени во нерамноправна положба, односно МТВ освен што добива пари од граѓаните, дополнително им зема од рекламниот колач наменет за и онака малиот македонски пазар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката