18 Декември, 2025
0.0714

Му даде ли Циле „Пелистер“ гол со пета на Васко Ковачевски?

Објавено во: Економија 29 Мај, 2019 07:50

Добивај вести на Viber

„Пелистер„ на Силјан Мицевски, повторно доби тендер за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола вреден 12,6 милиони евра. На овој тендер цената за гигаџул е повисока за 8,3 отсто од последната добиена јавна набавка, а во конкуренција имало само уште една понуда. Откако Ковачевски го презеде кормилото на РЕК Битола „Пелистер“ доби три тендери вредни над 21 милиони евра! 

Битолската градежна компанија „Пелистер“ доби тендер за ископ на јаглен и јаловина од РЕК Битола вреден 12,6 милиони евра. Ова, спортски речено, е „хет трик“ на прочуениот битолски бизнисмен и поранешен политичар Силјан Мицевски, косопственик и долгогодишен директор на „ГП „Пелистер“. „Пелистер“ од февруари лани до сега доби три тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола вредни 21,3 милиони евра.

Најновиот договор за ископ е склучен на 20 мај годинава. Цената за гигаџул енергија е 96,4 денари, ќе се копа во рудникот Брод-Гнеотино, а рокот во кој „Пелистер“ ќе копа е една година. На тендерот имало само двајца понудувачи.

Сите три договори ги склучи Васко Ковачевски генералниот директор на РЕК Битола кој во јануари лани го превзеде управувањето со најголемиот производител на електрична енергија во земјава. Ковачевски, претходно како опозиционер, важеше за најжесток критичар на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и неговото управување со РЕК Битола. Особено беше критички настроен кон ангажманот на надворешни приватни фирми кои со своја механизација копаа и транспортираа јаглен и јаловина. Во периодот додека со РЕК Битола директорува Ковачевски е поништен еден тендер за набавка на градежна механизација. Ковачевски тогаш објасни дека тогашниот Закон за јавни набавки ограничува квалитет при избор на механизација. Во една прилика Ковачевски објасни дека со новораспишаниот тендер за механизација што уште трае ќе конкурираат најдобрите светски производители на градежни машини.

-Очекувам на тендерот да конкурираат гиганти како Катерпилар, Либхер и Коматсу. Овие компании може да понудат машини што не се расипуваат 15 години и на кои единствено што треба е да им се стави масло. Досега тоа не беше возможно бидејќи со претходниот закон за јавни набавки можеа да се јават компании чии производи имаат сомнителен квалитет и можевме само да си направиме дополнителни проблеми-, вели Ковачевски. Повеќе можете да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/vasko-kovachevski-ochekuvam-katerpilar-libher-i-komatsu-da-konkuriraat-za-rek-bitola

По кои цени досега се копаше јаглен во РЕК „Битола„?

Цената за ископ на гигаџул на „Пелистер“ на последниот тендер во споредба со претпоследниот тендер (јули лани) е повисока за 8,3 отсто! Со овој договор „Пелистер“ доби 5,2 милиони евра од РЕК Битола за 7 месеци работа.

Според достапни податоци кои досега се објавувани најголеми даватели на услуги за ископ на јаглен и јаловина на РЕК „Битола“ покрај „Пелистер“ биле „Трансмет“, „Силекс“ и „Гранит“. Цената на услугата во период од 2012 година до сега тендер варира од 54,7 денари постигната во 2012 година од страна на конзорциумот „Трансмет“ и „Силекс“ до цената од144 денари за гигаџул по која договорот го добиле „Пелистер“ и „Гранит“. Конзорциумот„Пелистер“ и „Гранит“ добиле тендер по цена од 114 денари за гигаџул. „Трансмет“ сам добил тендер за ископ на јаглен и јаловина и по цена од 65,2 денари за гигаџул. Во октомври 2014 година двете компании „Трансмет“ и „Пелистер“ добиле тендер при што едната за гигаџул наплаќала 79 денари во блокот А, а друга наплаќала 93 денари за гигаџул во блокот Б.


*ОБЈАСНУВАЊЕ: (Еден џул е еднаков на потрошената енергија (или завршената работа) со примена на сила од еден њутн низ a растојание од еден метар, извор: Википедија) 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа