МУ ГО УКРАЛЕ ИДЕНТИТЕТОТ: Французин треба да плати казна за сообраќајни прекршоци, а нема ниту автомобил
Објавено во: Свет 05 Јануари, 2025
И во Франција крадат идентитет. Професор треба да плати казна за сообраќајни прекршоци, а нема ниту автомобил.
Француски универзитетски професор, чие што име било украдено, се соочил со казна од 300.000 евра за сообраќајни прекршоци што не ги направил. Професорот, Жилијен, стана жртва на кражба на идентитет, а возилата регистрирани на негово име се користени за криминални активности, вклучувајќи грабежи и кражби во Белгија.
Сето ова почнало во 2018 година, кога, додека бил на одмор, бил контактиран од полицијата и информиран дека бројни возила регистрирани на негово име биле вклучени во сообраќајни прекршоци. Иронично, Жилијен во тој период немал автомобил, туку само скутер. По истрагата се открило дека криминалци користеле негови лични податоци за да регистрираат 300 автомобили, кои потоа се користеле за прекршоци.
Професорот поднесе тужба против француските власти, обвинувајќи ги за пропустите во системот за регистрација на возила (SIV). Иако доби отштета од 3.000 евра, вели дека тоа не е доволно за штетата што ја претрпел. Проблемите во системот, делумно приватизиран во последно време, овозможиле кражба на идентитет од страна на сајбер-криминалци, што влијае на многу возачи во Франција.