29 Септември, 2024
0.0249

„Мудис”: Ефектот од олимпијадата нема да е само позитивен за Сочи

Објавено во: Свет 06 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Сочи и регионот на Краснодарскиот крај беа фаворизирани со државно финансирање при подготовките за претстојната зимска олимпијада, но е многу веројатно овој регион да има финансиски проблеми на долг рок, предупреди вчера рејтинг агенцијата  „Мудис“. Во прилог, агенцијата смета дека ефектот врз руските компании нема да е само позитивен поради набавките добиени од нив во врска со подготовките на Олимпијадата . Причина за тоа е малата веројатност Русија да победи на макроекономски план од домаќинството на игрите. Извештајот на „Мудис“ е насловен како „Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година : Долгорочната несигурност ќе ги засени придобивките". Во документот се прави преглед на трошоците за настанот и очекуваниот ефект врз државата, локалниот бизнис и банките. Спроведувањето на игрите нема да влијае на суверениот рејтинг на земјата , бидејќи не се очекува тие да имаат сериозно влијание врз економијата , сметаат во агенцијата. Високите трошоци за игрите и други негативи собрани долж целата организација во Сочи, ги ограничиле придобивките на Русија од одржувањето на Олимпијадата на нејзина територија. Во извештајот на „Мудис“ се наведува дека градот Сочи и регионот на Краснодар имале корист најмногу поради подобрувањето на инфраструктурата , но се очекува подоцна тоа да се одрази на нивните кредитни профили поради цената, која ќе треба да ја платат за одржувањето на сите изградени објекти за целите на игрите по завршувањето на Олимпијадата. Остануваат под сомнение и очекувањата дека сите овие инвестиции ќе го охрабрат развојот на туризмот и приходите од него во овој регион. Според оценката на агенцијата, игрите нема да имаат којзнае каков ефект врз државните компании кои учествувале во подготовката , бидејќи тие и онака се добро познати во својата земја и се потврдени како бренд, а и нивните трошоци се доста мали во однос на нивните приходи. Трговците, кои им служат на игрите , меѓу кои се и компаниите за храна , логистичките компании , е малку веројатно да се пофалат за време на настанот со скок во продажбата , прогнозираат во Мудис . Општо земено, тие ги оценуваат ефектите од игрите како еднократни и не веруваат дека ќе има некакво влијание врз рејтингот. Телекомите се очекува брзо да си ги вратат инвестициите од зголеменото користење на нивните услугите во областа на игрите, а некои електрични и други комунални претпријатија ќе заработат од обновувањето на нивната инфраструктура. Во исто време, во Мудис сметаат дека жестоката конкуренција меѓу хотелиерите во Сочи и соседните летувалишта, во привлекување на клиентите за време на Олимпијадата, ќе го стави во неизвесност туризмот во регионот на долг рок. Агенцијата наведува дека игрите ќе имаат мал негативен ефект врз државните банки, кои ја кредитираа огромната изградба - " Внешекономбанк " и "Сбербанк". Од Мудис очекуваат намалување на квалитетот на нивниот капитал и зголемување на каматите на кредитите.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот