26 Декември, 2024
0.0390

МУРТЕЗАНИ ВЕЛИ ДЕКА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЌЕ ИМА: Еве кога

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска во Тетово изјави дека уставните измени ќе почнат да се реализираат во моментот кога ќе се добие сигурност како ќе изгледа крајот на тој процес. Муртезани ова го посочи по средбата со градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами.

-Во јавните настапи на меѓународните претставници меѓутоа и во извештајот на Европската комисија стои обврската за уставните измени за почнување на преговорите. Јас и премиерот Мицкоски во неколку наврати јасно сме кажале дека ништо не е спорно во суштината на уставните измени, меѓутоа ние сакаме да бидеме сигурни дека уставните измени нема само да го отворат процесот на преговори, туку дека тој процес ќе има крај. Во моментот кога ние ќе видиме дека процесот е обезбеден, уставните измени може да почнат да се имплементираат, изјави Орхан Муртезани.

Градоначалникот и претседател на Движење Беса, Биљал Касами, не даде мислење за уставните измени, а одговори на новинарско прашање дали очекува поддршка во Советот на Општина Тетово околу финансирањето на здружението албанска академија на науки и уметности.

-Ние сме зеле како обврска дека ќе ја поддржиме академијата, односно проект кој е важен за науката прво, па после за албанска наука. Се друго е процедура, техника, администрација. Ние кога сме одлучиле да го поддржиме овој проект, сигурно дека сме ги имале предвид сите можности за реализација на истиот. Се надевам дека како досега што сме имале одлична соработка до крај на овој мандат ќе ја имаме таа соработка на локално ниво, за сите проекти кои сме имале договор и соработка и понатаму ќе ја имаме таа соработка, истакна Касами.


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници