19 Мај, 2024
0.0311

„Musicology фестивал“ со програмата го надмина минатогодишното издание

Објавено во: Балкан 03 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

"Musicology festival", кој минатата година дебитираше на Калемегданската тврдина, ќе се одржи и ова лето, од 23 до 26 јули. Веќе со своето прво издание, фестивалот откри еден поинаков Белград, оној кој можеби и не е довлно видлив. Публиката чиј вкус и сензибилитет е маргинализиран и која повторно се појави со своите потреби за квалитетни музички настани, ќе го следи „Musicology“ и оваа година.

Фестивалот за кој велат дека на Белград му го враќа стариот сјај, оваа година значајно порасна. За тоа најдобро говорат големи музички имиња кои ќе продефилираат на вториот по ред „Musicology“ фестивал.

dizajn

23 јули

21hDuškoGojkovići Belgrade Summit Octet 22.30h Electro Deluxe (FR)

24.jul 21h NičimIzazvan 22.30h The Brand New Heavies (GB)

25.jul 21h Marčelo&Napeti quintet 22.30h Liv Warfield & New Power Generation Hornz (USA)

26.jul 21h TBA 22.30 Gregory Porter (USA)

Душко Гојковиќ, трубач, композитор, аранжер и беднлидер - вистинска легенда не само на српскиот и југословенски џез туку сигурно најуспешниот, најпознатиот и најпризнатиот музичар од просторот на Балканот, со својот бенд  "Belgrade Summit Octet", симболично ќе го отвори второто издание на Musicology фестивалот. Овој пионир на фузијата џез со елементи на балкански фолклор со полни 84 години, и понатаму е во врвна форма и како изведувач и како автор.

После ова спектакуларно отварање, публиката ќе има можност да ужива со француската атракција Electro Deluxe.

Овие седум најбарани музичари на француската музиќка сцена еволуирале од елекрто - џез пионир до енергетскиот коктел на нечистиот но стилизиран соул и фанк.

Главни ѕвезди на втората вечер на фестивалот се британски пионири на есид џезот, The Brand New Heavies, музичка институција чиј единствен спој на џезот , фанк и соул правецот ја запалија прво британската, а веднаш потоа и светската музичка сцена, на која сега постојат веќе преку две децении.

The Brand New Heavies се одговорни за некои од најголемите R&B /соул хитови, исфрлајќи  16 Top 40 синглови, вклучувајќи го "Dream on Dreamer " и "You’ve Got A Friend". Продажбата на нивнитеалбуми броји преку два милиони.

Публиката пред настапот на лондонците ќе се загрее на еден од најпопуларните и најперспективни домашни млади бендови „Ničim izazvan“.

Комбинација на различни ритами и музички стилови, како и голем број на инструменти кои ги користат, овој млад бенд гарантие уживање со музичките слатки вкусови на сите категории.

Liv Warfield и New Power Generation Hornz ќе настапат на 25 јули на Калемегдан. Ментор на оваа атрактивна млада дива во развивање , е ни помалку ни повеќе, туку легендарниот Prins, творец на некои од најголемите хитови некогаш.

Prins на нејзиниот нов албум “The Unexpected” му дал и авторски и продуцентски печат. Исто така, дувачката секција на бендот Liv Warfield, како и самата Лив, се чести членови на бендот на Prins , New Power Generation.

Најпочитуваниот претставник на хип хоп сцената , Марчело, ќе настапи на „Musicology“ фестивалот пред Liv Warfield со својот џез бенд, Napeti Quintet и специфичната фузија од џез и хип хоп, ќе ги воодушеви посетителите на фестивалот.

Грегори Портер, американскиот пеач, кантавтор, глумец и добитник на престижната награда Греми 2014 год. за најдобар вокален џез албум, ќе го затвори вториот по ред Musicology фестивал на 26. јули и прв пат ќе и се претстави на оваа  публика .

Својот жанр го опишува како хибриден џез, прожет соул, поп и гореспомнатиот госпел.

Компелт карти, како и поединечни карти може да купите на следните места:

Bitefartcafe - Mitropolita Petra 8

Bitefartcafe Summer Stage ( Kalemegdan, teniski tereni Partizana )

Eventim Serbia

DD Tickets

GIGS TIX

Ticket line

Можеби ќе ве интересира

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот