МУСЛИУ ЗА ФАКТОР: Изборите нема да се повторат, и СДСМ и ДУИ оставија прозорче за компромис
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2020
Очекувањата се дека Влада секако ќе се формира, а теоретски најневозможна варијанта е повторување на изборите.
Ова е размислувањето на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу дадено за Фактор, во период кога се уште не е официјално познат бројотна мандатите кои политичките партии ги освоија на последните предвремени парламентарни избори.
Според Државната изборна комисија, „Можеме“ имаат 46 мандати, два повеќе од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, кои освоија 44 пратенички места, ДУИ 15, Алијанса 12, Левица 2, ДПА 1 мандат. ДИК најави дека попрецизни информации за распределбата на мандатите која се врши според Донтовиот модел, ќе соопшти денеска.
„Не мислам дека ќе се повторат изборите. На сите им е преку глава од избори, а на граѓаните најмногу“, вели Муслиу за Фактор.
Како би се формирала Влада меѓу СДСМ и ДУИ, со оглед на ултиматумот што пред изборите го поставија интегративците, а тоа е да мора да се постави Албанец премиер.
„Ако внимателно сме ги следеле изјавите на лудерите на СДСМ и на ДУИ, Зоеран Заев и Али Ахмети, ќе видиме дека сите оставија макар по едно мало прозорче за постигнување компромис. Факт е дека изборниот резултат што го постигна ДУИ, му дава за право да ја зголеми својата фактура, но не верувам дека до крај ќеинсистира на позицијата за избор на премиер Албанец, поради тоа што СДСМ реално и попбеди на изборите“, вели Муслиу.
Според овој политички аналитичар, всушност финалните бројки што ќе се искристализираат за бројот на мандати и кои официјално ќе бидат соопштени од ДИК, ќе ги одредат финесите на сите натамошни преговори во наредните денови.
„Ако се има предвид дека Алијанса според неофицвијалните податоци има 11 до 12 пратенички места, и ако кај нив бројот на мандати се зголеми, а се намали кај ДУИ, на пример за еден пратеник, и заедносо едниот мандат на ДПА, сето тоа ќе влијае на позициопнирањето во преговорите што ќе се водат“, објаснува Муслиу.
Но, како што вели овој аналитичар, во секој случа верува дека ќе има договор за Влада.
Постои и една опција, која е речиси невозможна, а тоа е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го прифати условот за Албанец премиер, можно е и тие две партии да прават Влада, односно „приказната би била готова“.
Но, со оглед на фактот што Мицкоски децидно кажа дека тој ултиматум нема да го прифати, Муслиу оваа алтернатива ја смета како невозможна.
Така што, Муслиу заклучува дека повторување на изборите нема да има, односно само е можно прегласување на некои избирачки места ако за тоа се утврди потреба, но како и да е, Влада ќе се формира.
Нина Нинеска-Фиданоска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.