Музичката ѕвезда Ален Исламовиќ бил на вечера со Буштур пред да загине
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2020 09:44
Токму пред да загине во кобната сообраќајка, легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур, бил на вечера со популарниот босански пејач на „Бјело Дугме“ и „Дивље јагоде“ Ален Исламовиќ.
Исламовиќ тоа го објави на својот фејсбук профил, а објави и фотографија од вечерата со Буштур.
Тој изрази големо жалење за нашата кошаркарска легенда.

„Утринава во сообраќајна несреќа во Скопје загина легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур. Минатата вечер бевме заедно на вечера. Нека му е вечна слава и големо и искрено сочуство на неговото семејство, пријателите и љубителите на македонската кошарка. Вечно ќе бидеш во нашите срца Благоја“, напиша пејачот на својот профил.
Македонската кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски - Буштур, загина во сообраќајна несреќа минатава ноќ во Скопје.
Сообраќајната несреќа се случила во скопската населба Кисела Вода, поточно кај сервисот „Скендеровски“.
Тој излетал од патот и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот.
Буштур беше еден од најпопуларните македонски кошаркари во историјата. Најголемите успеси ги оствари во дресот на Работнички.
Благоја Георгиевски, почина на 69 години. Тој работеше и како селектор на Македонија и тренер на МЗТ Скопје, како и претседател на стручниот совет на МКФ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




