МВР дало негативно мислење за законот за издавање македонски државјанства, но се очекува Владата да не го прифати
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2021
Министерството за внатрешни работи дало негативно мислење на предлогот-Закон за државјанство поднесен од албанските опозициски партии во Собранието, кој изминатиот период крена многу прашина во јавноста со мошне лесните критериуми потребни за да се стане граѓанин на Македонија со права и обврски.
Министерството за внатрешни работи, според своето мислење, обезбедено од Алсат, ги оспори спорните одредби во постојниот закон, за кои опозицијата бараше долгорочни решенија, во врска со олеснување на постапките за добивање државјанство.
Предлогот дозволува преку изјавите на тројца сведоци, граѓани кои живеат од 8 септември 1991 година во Северна Македонија и кои претходно живееле во една од државите на поранешна југословенска република по усвојувањето на законот, да можат да поднесат барање за државјанство, или како резултат на процесот на натурализам.
Некои аспекти не се јасно дефинирани како што се:начинот на добивање државјанство, како што е стекнувањето државјанство како резултат на натурализација во рамките на државата.
Категориите на лица во вклучените норми не се јасно дефинирани, како што е дефиницијата „да се живее“ од 8 септември 1991 година без да се наведе периодот, деновите, месеците и годините што може да се толкуваат
Условите за државјанство не се дефинирани како и важноста на доказите за исполнување на условите согласно законот - велат од МВР.
МВР го отфрла и скратувањето на периодот на натурализацијата. Опозицијата предлагаше периодот „8 години“ да се намали на „4 години“, но според полицијата овој предуслов се повикува на Европската конвенција за државјанство и дека во 2004 година овој период е намален од 15 на 8 години.
Стекнувањето на државјанство претставува највисок степен на интеграција во општеството на барателот кој прво мора да има постојан престој во државата.
Признавањето на еден од официјалните јазици во земјата е исто така спорно. Според МВР, намерата заснована на Законот за употреба на јазиците не е јасна и не се дадени силни аргументи за негово спроведување во пракса.
Исто така, не е прифатено олеснување на постапките за добивање државјанство преку брак.
Мислењето на Министерството за внатрешни работи било поднесено на 28 декември, но неофицијално истото се очекува да биде отфрлено на состаноците на Владата.
Законот за државјанство предложен од опозициската коалиција Алијанса/Алтернатива е во собраниска процедура.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.