18 Декември, 2025
0.0571

Судот и го одзеде пасошот на директорката која овозможи да се преполнува касата на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2018 10:45

Добивај вести на Viber

Судот и го одзеде пасошот како мерка на претпазливост на Елизабета Чингаровска која како поранешна претседателка на Комисијата за хратии од вредност и директорка на Државниот пазарен инспекторат овозможила непречено да се полни кастаа на ВМРО-ДПМНЕ со фингирани донации, односно со нелегално финансирање, за што СЈО го отвори случајот „Талир“.

Станува збор за најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, кои потоа биле уплатени на жиро сметката на партијата преку уплатници на име на различни луѓе.

Кривичниот суд го прифатил барањето на Специјалното јавно обвинителство,а  ќе треба и еднаш неделно да пријавува како присутна. Таа заедно со Илија Димовски и Леко Ристоски се осомничени дека сториле кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“, откако во периодот од 2011 до 2015 година осомничените организирале  средствата да бидат уплатени на жиро-сметката на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ преку готовински уплати на уплатници ПП10 во кои биле внесени невистинити податоци само колку да се протуркаат наменските донации.

Иако знаеле дека парите потекнуваат од кривично дело, истите ги пуштиле во натамошен оптек со потпишување на налози за плаќање на обврските и купување на недвижен имот за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. 



Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска