24 Мај, 2024
0.0291

МВР ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА ПРОСЛАВАТА НА РОДЕНДЕНОТ НА АХМЕТИ - ќе има ли казни и дали се доволни

Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Прославата на роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе ја проверува Министерството за внатрешни работи.

Ова МВР го потврди за медиумите. Ќе се истражува дали биле прекршени епидемиолошките мерки за време на прославата во новоотвореното Министерство за политички системи и односи меѓу заедниците.

„МВР согласно своите надлежности, постапува по пријава примена во текот на вчерашниот ден, во врска со која е известен Јавниот обвинител и по добиeните насоки од него, презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.“, велат од МВР.

А како што веќе напиша Фактор, Марјан Ненов, претседател на граѓанското здружение Но пасаран, вчера поднесе групна пријава против функционерите на ДУИ кои се сликаа без маски во просториите на Министерството за политички систем, кршејќи ги на тој начин протоколите за заштита на здравјето на граѓаните. 

Професорката Мирјана Најчевска, пак, бара оставка од првиот вицепремиер Артан Груби. Таа смета дека ние како граѓани не смееме да се задоволиме со некоја, како што вели, бесмислена казна за неносење маски.

Можеби ќе ве интересира

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Новата влада најавува реформи во образованието

Новата влада најавува реформи во образованието

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

Дете со повредило од справи за вежбање донесено во болницата во Охрид

Дете со повредило од справи за вежбање донесено во болницата во Охрид