МВР: Македонската полиција гарантира безбедно чествување на 4 февруари, класична лага е дека ќе доаѓале бугарски полицајци

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2023 21:37
Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите изнесени на порталот Макпрес дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и бугарски полицајци.
„Станува збор за комплетна дезинформација и извртување на факти, имајќи ги предвид соопштенијата кои деновиве, во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев ги сподели МВР со јавноста, како и неколкуте медиумски гостувања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски токму на оваа тема, што за еден новинар, кој без да праша, а притоа пласира небулози криејќи се зад потписот „Администратор“ е недозволиво и срамно. Како што веќе информиравме, македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку за сите настани, не само за оваа пригода, туку за сите пригоди, во било какви услови – да направи сѐ за да ги сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните. Со изнесувањето на овие дезинформации, порталот Макпрес ги доведува во заблуда граѓаните на Република Северна Македонија и наместо да помогне во достоинствено одбележување на роденденот на великанот Делчев, што подразбира ангажирано и одговорно пренесување на проверени информации, а не одработување за нечии деструктивни влијанија со пласирање лаги кои имаат за цел само да наштетат не само на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, туку и на угледот на државата. Оттаму, бараме порталот кој ги изнесе овие лаги да го повлече текстот и да се извини, а текстот со овие дезинформации да го повлечат и останатите портали кои без проверка на фактите го ископираа на своите страни“, велат од МВР.
Можеби ќе ве интересира
АКО „ПАЈАК“ ВИ ГО ОДНЕСЕ ВОЗИЛОТО, ЌЕ ГО НАЈДЕТЕ НА НОВА ЛОКАЦИЈА: Ново депо на Општина центар
„НАШИОТ ЛИДЕР Е СМЕНЕТ КОГА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОДБЕЛЕЖУВА СЕДУМДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ“: Учениците бараат објаснување од градските власти

МИЦКОСКИ ДЕЦИДЕН И СО УЛТИМАТУМ ДО БУГАРИЈА: Еве што смета премиерот за ситуацијата со Софија

КОМУ ВО ЕУ НЕ МУ ОДГОВАРА МРДНУВАЊЕ ОД МРТВАТА ТОЧКА, МОЖЕБИ НА ОНИЕ КОИ ИЗВЕЗУВААТ ОТПАД ОД ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА? Најчевска жестоко за известувачот во ЕП за Македонија

НЕ САМО ДИЛЕРИТЕ, ТУКУ И УЖИВАТЕЛИТЕ НА ДРОГИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ - казни до 250 евра, ќе помогнат ли за заштита на општеството

ЌЕ „ЛЕТААТ“ ВОЗИЛА ВО ОТПАД, КАКО ОТПАДЕН МЕТАЛ! Еве како Ѓорѓиевски ќе ги решава хаварисаните возила во општината

ПОЧИНА Д-Р ГЛИГОР ЏОЛЕВ: Беше директор на Ортопедската клиника во Скопје

ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Од 18 март на голема врата се враќа зимата со силен мраз, снег и пад на температурите за 20 степени!?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“
