18 Декември, 2025
0.0442

МВР поднесе кривични за тепањето на девојче во неготинското школо

Објавено во: Македонија 19 Април, 2018 10:52

Добивај вести на Viber

МВР поднесе кривични пријави против три ученички од основното училиште „Гоце Делчев“ од Неготино за бруталното тепање на нивна соученичка, при што инцидентот беше снимен на мобилни телефони и прикажан на социјалните мрежи за да ја шокира целата македонска јавност.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе Известување до Основното јавно обвинителство против три малолетни лица на возраст од 13, 14 и 15 години сите три од Неготино, ученички во Основно училиште "Гоце Делчев" во Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 став 2 од КЗ на РМ. 

Малолетничките кривичното дело го сториле во два наврати на 11.04.2018 година при што физички нападнале 14 годишна ученичка од истото училиште и нанеле телесни повреди“, велат од МВР.

Во врска со истиот настан поднесена е и кривична пријава против Р.А.(31) од Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в став 1 од КЗ на РМ. Имено пријавениот на 11.04.2018 година, на работното место обезбедување на училиштето од агенција за обезбедување "SOS", не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми