18 Јануари, 2025
0.0301

МВР потврди дека функционерот побегнал од возилото, па друг тврдел дека ја направил сообраќајката

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

По повеќе неофицијално пренесени информации од извори на МВР, конечно објавено е и официјално соопштение за вчерашната сообраќајна несреќа во која заменик министер откако бил легитимиран од полицијата побегнал од местото.

- На 28.10.2016 година во 23:20 часот Е. А. на бројот 192 пријавил дека во градскиот парк во Скопје, движејќи се по сервисната улица кон хотел  Парк со своето возило ПМВ Фолксваген со скопски регистарски таблици кое што лично го управувал, бил удрен од ПМВ Туарег со скопски регистарски таблици кое доаѓало од спротивен правец. Поради тоа што возачот на ПМВ Туарег по предизвиканата сообраќајна незгода не застанал туку се дал во бегство, Е.А. со возилото се упатил по ПМВ Туарег. Возачот на ПМВ Туарег продолжил да се движи по ул.Франклин Рузвелт, по што свртел десно по ул. М.Т.Гологанов, па потоа по ул.Њуделхиска, каде што предизвикал и втора сообраќајна незгода удирајќи во ПМВ Рено со скопски регистарски таблици, и повторно, без да застане, продолжил кон ул.Алжирска, каде бил сопрен од полициска патрола.

Од страна на полициски службеници лично и непосредно било утврдено дека од возилото ПМВ Туарег, сопственост на Агенцијата за вработување, излегле Д.С. и сопатничката Т.К..

Д.С. на полицискиот службеник му кажал дека тој го управувал возилото, по што од страна на полицискиот службеник била известена Единицата за Информирање и Командување. За време на  утврдувањето на идентитетот на Т.К., лицето кое го управувало возилото Д. С. разговарало на мобилен телефон и се оддалечило од возилото на неколку метри, по што со трчање се дало во бегство во правец на ул„Дрезденска“. Од страна на УПС од ПСОН Карпош заедно со тимови од единицата АЛФА биле извршени обиколки во непосредната околина, но лицето не било пронајдено односно успеало да избега.

Околу 2 часот на ул.Алжирска, односно на местото каде што било оставено ПМВ Туарег дошол М. Т. и на полициските службеници им пренел дека возилото Туарег било управувано од негова страна.  Од дадената изјава на М. Т. може да се констатира дека недоволно ги познавал околностите под кои се случени претходно опишаните сообраќајни незгоди, што наведува на заклучок дека тој не го управувал возилото. Изјавата на М.Т. не кореспондира со изјавата на сопатничката Т. К. и утврдената фактичка состојба на лице место од страна на полициските службеници кои што констатирале дека во возилото се наоѓале само лицата Д.С. и Т. К..  

МВР работи на комплетно расчистување на околносите околу случените сообраќајни незгоди, за што јавноста ќе биде соодветно информирана.  


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба

АИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ АДВОКАТИТЕ, ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО НОСИ СУДИЈАТА НА РУЧЕК: Но АИ ќе ги замени приправниците - адвокатот Јанаки со не толку добри прогнози

АИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ АДВОКАТИТЕ, ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО НОСИ СУДИЈАТА НА РУЧЕК: Но АИ ќе ги замени приправниците - адвокатот Јанаки со не толку добри прогнози

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?