МВР се огласи за мејлот со кој „повикуваше“ граѓани во полиција
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2020
Министерството за внатрешни работи
денеска соопшти дека до одредени граѓани и правни лица од страна на
сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на
државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во
врска со наводна тековна истрага за измама во банка.
Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами.
„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР
презема мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Ги
известуваме граѓаните дека Министерството за внатрешни работи не
користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена
форма, со соодветна процедура. Апелираме до граѓаните воопшто да не ги
отварат овие електронски пораки, стои во соопштението од МВР.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.