МВР со детали за тоа каква пријава „заработи“ Миленко Неделковски
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018 21:29
Од куќата на новинарот Миленко Неделковски се одземени комјутер и телефон кои ќе бидат дадени на вештачење.
Полицијата излезе со детали за случајот.
„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против М.Н. (61) од Скопје, поради објава на коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на Република Македонија, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во соработка со СВР Велес, му достави покана за службен разговор на лицето М.Н. (61) од Скопје, а по издадена наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на 22.10.2018 година извршен е претрес на дом и други простории кај лицето М.Н. при што се пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата“, стои во соопштението на МВР.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи, се додава во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




