МВР тврди дека Лирим Јакупи-Нацист се наоѓа во домашен притвор во Косово, а не на Шара
Објавено во: Македонија 13 Март, 2017 15:02
Лажни се информациите дека Лирим Јакупи-Нацист се наоѓа на Шар Планина заедно со 80 вооружени лица, изјавија од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
„Во соработка со институциите во Косово, добиена е информација дека лицето Лирим Јакупи-Нацист се наоѓа во домашен притвор во Косово“ - се вели во соопштението на МВР.
Некои портали деновиве објавија дека на Шар Планина е забележана вооружена група и дека ја предводи Лирим Јакупи-Нацист. Истите медиуми објавија дека тој му порачал на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов дека се распоредени на Шара.
„АРМ наскоро ќе се соочи со нашите борци кои се добро подготвени. 80 борци се распоредени на Шара, и наскоро ќе ги ослободиме териториите на етничките Албанци за да ја прогласиме Република Илирида“- порачува командант Нацист од УЧК.Тој ја предводеше криминално-терористичка група која во тетовското село Бродец беше елиминирана од македонските специјалци, а тој ранет побегна на Косово. Командант Нацист е еден од најбараните терористи и има извршено напади во Косово, побегнал од затворот Дубрава, а побегнал и од Тетово во минатото.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




