МЗ ИЗНЕНАДЕНО ОД ПРОТЕСТОТ: Не ги игнорираме матичните лекари
Објавено во: Македонија
14 Јули, 2020
Добивај вести на Viber
Министерството за здравство е изненадено од денешниот протест на матичните лекари и причините кои се наведуваат за истиот, односно наводен игнорантски однос на власта и наводно непостоење поддршка од системот за матичните лекари, од почетокот на пандемијата до денес. Во однос на точките кои ги наведуваат како спорни Министерството за здравство го појаснува следново.
Матичните лекари од првиот ден на епидемијата добија медицинска заштитна опрема и покрај тоа што министерството нема никаква обврска да ги снабдува со истото. Министерството им донираше на матичните лекари хируршки маски и платнени заштитни маски. Матичните лекари се приватни здравствени установи (ПЗУ-а), а набавките се обврска на самата установа.
Подготвениот алгорирам за индикација за тест за ковид-19 е изработен со цел да ја олесни работата на матичните лекари и да обезбеди унифициран пристап. Истиот апсолутно не ја комромитира експертизата на матичните лекари, кои од самиот почеток се целосно вклучени во системот на дијагностика, следење и третман на пациентите со ковид-19.
Во однос на обезбедување помош од млади колеги, согласно измената на Законот за здравствена заштита од јануари минатата година, секој дипломиран доктор на медицина кој се стекнал со лиценца веднаш почнува со шест месечна пракса која за прв пат му е платена со 30,000 денари месечно. Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.
За илустрација, пред само неколку дена Министерството за здравство извести дека во месец јули 66 доктори на медицина го положиле стручниот испит и се стекнале со лиценца за работа од Лекарската комора. Министерството за здравство стапи во контакт со сите 66 ново лиценцирани доктори на медицина, а повеќе од половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти.
Во однос на барањето на матичните лекари да имаат претставник во комисија за заразни болести појаснуваме дека согласно член 59 од Законот за заштита на население од заразни болести „Министерот формира комисија за заразни болести како советодавно тело. Членовите на Комисијата од став 1 на овој член се избираат за време од четири години од редот на истакнати стручњаци од епидемиологијата, инфектологијата, микробиологијата, педијатријата, ветерината и други специјалности“, а сите членови во Комисијата за заразни болести во актуелниот состав се претставници од јавно здравстени установи.
Во врска со последната точка за стопирање на реформи кои наводно се спроведуваат во сред пандемија, Министерството за здравство информира дека реформата не започнува од 1 јули 2020, туку на истата се работи од крајот на 2018 година, а дискутирана е повеќе пати пред претставници на сите здруженија на лекарите од примарна здравствена заштита.
Станува збор за унапредување на шифрарникот на здравствени услуги, кои ги реализираат избраните лекари. Основата на новиот модел е дополнување на променливиот дел од капитацијата преку препознавање, евидентирање и вреднување на работата на избраниот лекар. Овие здравствени услуги, избраниот лекар ги даваше и досега, но истите не беа препознаени и евидентирани во елктронски систем со соодветни шифри. Во моментот новина е само начинот на евидентирање на здравствените услуги кои лекарите ги вршат.
Главна цел на реформите е да се воведе модел на плаќање на примарната здравствена заштита, кој ќе придонесе кон обезбедување на сеопфатна примарна здравствена заштита од страна на здравствените работници на примарно ниво, со истовремено подобрување на квалитетот на примарната здравствена грижа. Процесот е поддржан од Светската здравствена организација, а е според препораки од претходни истражувања и процеси спроведени од страна на глобални агенции и домашни организации (Светската банка, УНФПА, ХЕРА итн.).
За потсетување, минатата година за 15% се зголеми капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, педијатрија, гинекологија и стоматологија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа
За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа
Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?
Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?
Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот
Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот
Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили
Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили
Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија
Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија
Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра
Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра
По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав
По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав
Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ
Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ
„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик
„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик