МЗШВ: Досегашните ниски температури не предизвикуваат штети врз земјоделските култури
Објавено во: Агробизнис 07 Јануари, 2019
Досегашните минимални температури забележани во државата нема да предизвикаат штети врз земјоделските култури. Моменталните ниски температури не се невообичаени за овој период и многу често ги имало во овој период од годината.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека овошките во овој период од зимата издржуваат до минус 28 степени, додека виновата лоза до минус 18 или минус 20 степени, а такви температури не се забележани досега во регионите каде што овие култури се најзастапени.
Со оглед на фактот дека режењето на виновата лоза не е изведено, доколку се случи понатамошен пад на температурите, евентуалните измрзнати ластари во наредниот период би се корегирале со самото кроење. Опасноста кај овошките е уште помала заради поголемата издржливост.
Во наредниот период се очекуваат ниски минимални температури во границите до минус 20 степени, што сепак не се невообичаени, а тука треба да се има и во предвид податокот дека во изминатите неколку дена имавме вакви или слични температури, што дополнително ги подготвија овошките и виновата лоза за пониски минимални температури. Во однос на житните култури, снежната покривка изврши целосна заштита врз нив и нема да предизвика штети, бидејќи нивната издржливост во вакви зимски услови е поголема.
Временските услови се вообичаени, исто така и температурите, така што засега не треба да има загриженост за штети врз земјоделските култури.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Управата за хидрометеоролошки работи ќе ја следат состојбата со ниските температури и нивното влијание врз земјоделските култури и доколку се случат евентуални штети навреме ќе се реагира со соодветни мерки.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.