04 Декември, 2024
0.0698

МЗШВ: Два милиони денари за реновирање на метеролошките станици во Демир Капија, Штип и Крива Паланка

Објавено во: Агробизнис 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска учествуваше на работилницата во рамки на проектот „Намалување на ранливоста на земјоделството од климатските промени “, поддржан од Организацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации ( ФАО). 

Како конкретни чекори во справување со негативното влијание на климатските промени врз земјоделството, министерот Николовски ги наведе: Дефинирање на мерките за прилагодување кон климатските промени и нивно интегрирање во програмите за финансиска поддршка на Министерството и воспоставување на соодветен институционален капацитет во Министерството и негово зајакнување преку серија обуки со што би се овозможило  креирање и ефикасно спроведување на политиките за прилагодување кон климатските промени.

При тоа министерот Николовски посочи дека во рамки на „Проектот за намалување на негативното влијание од климатските промени, поддржан од ФАО, веќе се набавени модерни агрометеоролошки станици, кои деновиве ќе бидат инсталирани на три локации: Градско, Кочани и Струмица, а ќе бидат управувани од Управата за хидрометоролошки работи.

„Во овие три производни региони каде што се произведуваат стратешки земјоделски култури: градинарски, овошни и ориз, е многу важно редовното следење на временските прилики, а информациите ќе бидат достапни до земјоделците преку новоотворената веб страна на УХМР, на која покрај временската прогноза и сезонските прогнози, на едноставен и разбирлив начин ќе бидат презентирани и други информации кои им се потребни на земјоделците за преземање на соодветни агротехнички мерки“, изјави министерот Николовски.

Воедно министерот истакна дека МЗШВ сериозно се залага за приближување на политиките кон препорките од оваа област. Во таа насока преку Програмата за рурален развој, а земјаќи ја в предвид сериозноста на влијанието на климатските промени врз земјоделското проиозводство кое е наша стратешка определба ќе бидат издвоени два милиони денари за реновирање на метеролошките станици во Крива Паланка, Штип и Демир Капија. 

Со проектот исто така се презмаат активности за поддршка на средните земјоделски училишта кои вклучуваат воведување нови наставни материјали за климатските промени, како дополнување на постоечките наставни програми и  обуки за наставниците.

Инаку, во рамки на Проектот ќе се обучуваат и советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во делот на справување со последиците од болестите и штетниците, кои се појавуваат заради променети климатски услови.

Учесниците на денешната работилница ги презентираа  главните предизвици и перспективи на земјоделскиот сектор во однос на климатските промени. Експртите од мисијата на ФАО, ги елаборираа  активностите на ФАО во областа на креирање политики и проекти за намалување на влијанието на климатските промени во земјоделството.

На работилницата беше истанато дека негативните влијанија на климатските промени претставуваат голема закана за земјоделското производство, бидејќи земјоделството е еден од најранливите сектори во економијата во Република Македонија,  а притоа се загрозени главните земјоделски региони и стратешките земјоделски култури. Македонија се наоѓа во регионот на Југоисточна Европа каде се очекуваат големи промени на климата, а со тоа и сериозни последици врз производството на храна. Министерот Николовски посочи дека е неопходно  преземање на ефективни мерки за ублажување на последиците, што претставува  приоритет во идниот период на МЗШВ, заради важноста на земјоделското производство за животот во руралните средини, социјалната сигурност и намалувањето на сиромаштијата.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.