05 Декември, 2025
0.6207

МЗШВ формираше Комисии за вршење на увид на настанатите штетите од невремето на 11-ти септември

Објавено во: Агробизнис 20 Септември, 2017 13:33

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска формираше Комисии за увид на настанатите штетите во регионите кои на 11-ти септември годинава беа зафатени од временски непогоди (пороен дожд, електрични пранења, силен ветер и град).

Согласно извештајот од УХМР и теренскиот увид од страна на Подрачните единици при МЗШВ,  утврдено е дека се причинети  штети врз земјоделски култури во регионите на Демир Хисар, Ресен, Македонски брод, Тетово, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Велес, Свети Николе, Куманово, Кавадарци, Росоман, Кисела вода и Гази баба.

МЗШВ ги информира сите земјоделски стопанства од овие региони кои претрпеле штети, во периодот од 20.09.2017 до 05.10.2017 да поднесат барања за утврдување на настанатата загуба во Подрачните единици на МЗШВ во погоре посочените региони.

Откако земјоделците ќе поднесат барања за претрпени шетети до Подрачните единици, Комисиите на терен ќе извршат увид на настаната штета од временската непогода. Според првичните прелиминарни проценки од страна на вработените во подрачните единици, проценките се дека невремето има нанесено штети на околу 2.000 хектари земјоделски површини со овошни и лозови насади, градинарски и индустриски култури.

Проценката на штетите ќе се спроведува согласно Законот за земјоделство и рурален развој  и Уредбата за начинот на утврдување на неповолен климатски настан, настаната штета, пресметување на загубата на приходот, пресметката на штетата, постапката за исплата на помошта. По завршувањето на увидот на лице место, Комисиите ќе изготват записници за утврдената штета и истите ќе бидат доставени до Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ, кои потоа ќе се достават  до Бирото за судски вештачења. Бирото ќе изготви извештаи со проценка на настаната штета во денари, поединечно за секој барател. Добиените извештаи од Бирото за судски вештачења, ќе бидат проследени за исплата до Агенцијата за финасиска подршка во земјоделството и руралниот развој, која што за секој подносител на барање ќе изготви решение за исплата за настанатата штета или известување доколку не ги исполнува условите за обештетување.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?