02 Декември, 2024
0.0256

МЗШВ: Го поттикнуваме учеството на руралната жена во земјоделскиот сектор

Објавено во: Агробизнис 07 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваа на презентација на анализите направени во рамки на проектот „Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството со примена на експериментален економски модел“.

„Како ресорно министерство активно работиме на мерки со цел да го поттикнеме и поддржиме учеството на руралната жена во земјоделскиот сектор. Денеска испраќам јасна порака за потребата на економско јакнење на руралната жена, нејзино поголемо инволвирање во креирањето на земјоделските политики, како и заедничката борба против дискриминацијата и традиционалните бариери кои најмногу прават проблем во едукацијата и развојот на руралните жени. Ова е процес кој ќе го поминеме заедно“, изјави Николовски.

Министерот Николовски најави дека МЗШВ работи на измена на Националната програма за земјоделство и рурален развој за периодот 2018-2022, конкретно за изменување и дополнување со специфична мерка наменета за жените кои живеат во руралните средини и кои се дел од земјоделско стопанство. Планот е преку оваа мерка е да се создаде поддршка во вид на неповратни грантови во висина до 180.000 денари по корисник, за вршење на дополнителна дејност во рамки на земјоделското стопанство. Односно, жените ќе можат да започнат со преработувачка или занаетчиска дејност, користејќи ги ресурсите од сопственото производство. Исто така, при конкурирањето за одредени мерки од европската ИПАРД Програма и од националната Програма за рурален развој, жените фармери имаат предност, односно добиваат повеќе поени при рангирањето.

„Жените – земјоделки кои живеат во руралните средини се соочуваат со голем број проблеми.  Концептот на еднакви можности означува дека жените и мажите треба да имаат еднакво учество во секој сегмент од живеењето. Ние сме подготвени да воспоставиме систем на редовна соработка помеѓу институциите, вклучително и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како креатор на политките и мерките кои директно ги засегаат руралните жени. Само заедно ќе придонесеме за соодветено и целосно решавање на јазот кој се уште постои во руралниот сектор и да ги охрабриме жените да станат активни чинители во земјоделието“, изјави Царовска.

Инаку, Министерството за труд и социјална политика ја презема улогата на лидер во обликување на политиките, коорди0нација и и одговорност на Владата на Република Македонија во однос на Агендата за родова еднаквост и еманципација на жените. Во декември 2017 година Република Македонија ја ратификуваше Истанбулската конвенција и на 9-ти октомври 2018 година го усвои Акцискиот план за нејзнино спроведување за период до 2023 година.

Земјоделството учествува со околу 10% во националниот бруто-домашен прозивод и во него работи околу 17% од работната сила во земјата, а од нив само една третина се жени. Патријахалната структура, локалните обичаи, културните и традиционални општествени норми се уште придонесуваат за лошата социо-економска положба на руралните жени.

Проектот „Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството со примена на експериментален економски модел“ е реализиран од Факултетот за земјоделски науки и хранас – Скопје, а поддржан од Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.