05 Декември, 2025
0.0275

МЗШВ контра БЕСА: Огласот за вработување е за сите етнички заедници

Објавено во: Агробизнис 22 Јуни, 2018 14:11

Добивај вести на Viber

МЗШВ остро ги демантира наводите за дескриминација кон етничките малцинства во огласот за вработување бр.70/2018. Движењето Беса шири невистини во медиумите, со цел да манипулира со јавноста.

Огласот за вработување бр.70/2018, кој МЗШВ го распиша на ден 11.06.2018, е изработен согласно позитивните законски одредби и годишниот план за вработувања за 2018 година. Истиот целосно ја запазува можноста за аплицирање на сите етнички заедници. Имено, од вкупно 42 работни места предвидена е можноста е да аплицираат 28 припадници од македонската заедница, 10 припадници од албанската, 2 припадници од турската, 1 припадник од ромската и 1 припадник од другите етнички заедници во РМ.

Во однос на употребата на македонскиот јазик, МЗШВ потенцира дека министерството не ги пропишува општите услови на огласот, туку тие се изрично наведени во член 31 став 1 од Законот за админисративни службеници.  Тука се пропишани сите општи и посебни услови за вработување на секој админстративен службеник.

МЗШВ останува посветено на обезбедување подобри услови на земјоделците и сите засегнати страни. Истовремено министерството се грижи и за подобрување на работните услови на своите вработени, водејќи сметка и за правичната застапеност при секое наредно вработување.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?