02 Мај, 2024
0.0297

МЗШВ: Лага е дека незаконски се пренаменило земјоделско земјиште

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство тврди дека лажни и невистинити се објавите на опозициската ВМРО ДПМНЕ, дека незаконски и нелегално врши пренамена на земјоделско земјиште во градежно. 

Нивната цел е јасна- манипулирање и сервисирање на лажни информации на јавноста и оцрнување на новата Владата. Од МЗШВ тврдат дека работат согласно законските одредби и во таа насока го изнесуваат следното :

• Согласно член 49-а став 3 од Законот за земјоделското земјиште Владата на Република Македонија на предлог на МЗШВ донесува одлука за давање согласност за трајна пренамена на земјоделското во градежно земјиште. При тоа, во Законот за земјоделско земјиште, нема пропишани одредби со кои е предвидено да се одбие барање за трајна пренамена на земјоделско земјиште, туку секој кој ќе ја достави потребната документација, МЗШВ е должно да ја достави предлог одлуката до Влада на РМ.

Потенцираме дека целокупната документација за МХЕЦ Тополка со реф.бр.317 е добиена во времето на претходната Влада.

Воедно нагласуваме дека барањето за пренамена на земјоделско во градежно земјиште е доставено од страна на Министерство за транспорт и врски до Министерството за земјоделство, (барање бр.17-10260/1 од 22.11.2016 година) кога ова министерство беше под раководство на претходната власт, на чело со тогашниот министер Владо Мисајловски. Во тој период МЗШВ, со месеци не го процесуирале предметот до Владата на Р.М и десетици други предмети од таков вид. Се отвора парашањето зошто не се доставувале предметите? Поради овие причини во следниот период ќе се истражува одговорноста на поранешните функционери кој раководеа со МЗШВ.

Во однос на обвинувањата дека одлуката на Владата е сомнителна и нелегална, нагласуваме дека Министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство достави барање на мислење до Државната комисија за спречување на корупција и доби одговор под бр. 12-4953/2 која во целост ја цитираме:

• Од аспект на одредбите од Законот за спречување на корупцијата, a во врска со одредбите од Изборниот законик, од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не постои законска пречка Владата на Република Македонија да ја разгледа и да ја усвои Информацијата за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Проект за инфраструктура за изградба на МХЕЦ Тополка co реф. бр. 317 ипридружни објекти КО Дреново, општина Чашка и на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, да ја донесе Одлуката за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Проект за инфраструктура за изградба на МХЕЦ Тополка со реф. бр. 317 ипридружни објекти КО Дреново, општина Чашка, a која ce однесува на реализирање на проект за изградба на објект кој е од јавен интeрес.

Новата реформска Влада работи отчетно и транспарентно и не врши селекција на ваши и наши, како тоа што се случувало во минатото, меѓу кој е и гореспоменатиот предмет“, се вели во реакцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата на МЗШВ.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање