05 Декември, 2025
0.0315

МЗШВ: Нема да дозволиме сточарите да трпат загуби, предлог решение ќе биде презентирано по претседателските избори

Објавено во: Агробизнис 27 Март, 2019 16:31

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по претседателски избори ќе излезе со предлог решение за да им помогне на одгледувачите на овци и нема да дозволи сточарите да трпат загуби од сопственото производство. Ова беше договорено на вчерашната средба што се одржа во МЗШВ со здруженијата на одгледувачите на овци.

По завршувањето на откупот на јагне ќе се анлизираат податоците од терен. На средбата претставниците од здруженијата и од МЗШВ се договорија секое здружение до МЗШВ да испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена. Оваа цена ќе се спореди со анализите на МЗШВ, со цел да се дојде до реална производна цена, за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци. Решението ќе биде презентирано, по вториот круг на претседателските избори, кога и престануваат законските ограничувања кои важат за време на предизборниот период.

Освен со одгледувачите на овци, деновиве во МЗШВ се одржа и средба со о откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња, на која што од страна на откупувачите беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено.

И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја иницијативата на МЗШВ што во моментов се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози и земањето на крв од овците. Се согласија дека за понатамошното креирање на ефикасни политики за развој на овчарството и за правилна распределба на субвенциите,  важно е да се знае точната бројка на овци.

Во меѓувреме, МЗШВ постојано ја следи состојбата и откупот на јагнето и апелира до сите одгледувачи на овци да не потпаѓаат под партиски влијанија и манипулации.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?