МЗШВ: Oстануваме силно фокусирани на производството на домашна пченица
Објавено во: Агробизнис 22 Мај, 2019
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше на манифестацијата по повод „Ден на полето“ која традиционално се одржува во село Новосељане, Кумановско. Целта на манифестацијата и годинава е промоција на земјоделското производство со користење на сертифициран семенски материјал.
Министерот Николовски истакна дека за да се поттикне употребата на сертифициран семенски материјал во производството на житни култури, во Програмата за директни плаќања за производство на домашен сертифициран семенски материјал на житни култури МЗШВ издвои 20.000 денари по хектар за прва генерација и 15.000 денари за втора генерција. Дополнително, земјоделците коишто употребуваат сертифициран семенски материја и имаат површини од 5 до 50 хектари ќе добиваат субвенција во висина од 14.400 денари по хектар. Употребата на сертифициран семенски материјал е и еден од начините за одржливост на производството на житни култури во услови кога климатските промени изминатите години нанесуваат сериозни штети врз земјоделското производство.
Минатата година поради тешката жетва, МЗШВ во координација со земјоделците и мелничарите донесе сет мерки за стабилизирање на пазарот на пченица. Се воведе субвенција од 1 денар за килограм откупена домашна пченица за мелничарите, со цел да се поттикне производството, откупот на домашна пченица и договорното производство. Преку оваа мерка минатата година се откупија 59.000 тони на пченица и исплатени се 59 милиони денари или околку 1 милион евра. Навреме пред почетокот на пролетната сеидба се исплатија 5,5 милиони евра за основните субвенции по површина за поледелските култури, во кои спаѓа и пченицата. Исто така е зголемен и минимумот пријавени површини за добивање целосна сума од програмираната субвенција за полјоделски култури, вклучително и за пченицата.
Како ресорно министерство наша цел е обезбедување на поволни услови за земјоделците за поекономично производство. Во таа насока, потсетуваме дека во тек е јавниот оглас за набавка на гориво за земјоделска механизација со која ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.
Сите мерки што ги презема министерството за зголемување на производството на житни култури и намалување на увозната зависност, ќе имаат поголем ефект доколку се зголеми употребата на сертифициран семенски материјал. Како ресорно министерство остануваме силно фокусирани на окрупнување на површините, на зголемување на производството на домашна пченица,се со цел оваа стратешка култура да се обезбедува од домашно производство со што би се намалиле потребите од увоз на пченица од странство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.