05 Декември, 2025
0.0345

МЗШВ почнува со ревизија: Како се доделувало државното земјоделско земјиште под закуп?

Објавено во: Агробизнис 14 Септември, 2017 15:11

Добивај вести на Viber

Ветивме транспарентност и отчетност, продолжуваме со исполнување на ветувањата од Програмата на Владата. На самиот почеток кога ја преземав функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, најавив ревизија на доделувањето на државното земјоделско земјиште под закуп, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој соопшти дека од денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува со ревизија на регуларноста на процесот на доделување под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Со оваа ревизија ќе биде опфатено доделувањето на земјоделското земјиште во изминатите години. 

„Резултатите од ревизијата ќе покажат, на кој начин се доделувало државното земјоделско земјиште, дали се почитувале пропишаните услови и критериуми, законските одредби и дали целиот процес бил транспарентен. Крајно, оваа ревизија ќе покаже дали земјоделското земјиште во државна сопственост било доделувано во рацете на вистинските земјоделци.

Со оглед на обемната документација и опфатениот период на ревизијата, целиот просец ќе трае подолг период. Службите кои што ќе ја спроведуваат ревизијата, етапно ќе ги сумираат резулатите, за што јавноста ќе биде известувана.Првиот пресек на ревизијата се очекува да биде готов до крајот на годинава“, рече Николвски. 

Според официјалните податоци, од  Агенцијата за катастар на недвижности, земјоделското земјиште во сопственост на Република Македонија изнесува 170 илјади хектари. Од нив, моментално под закуп се околу 101 илјади хектари.

„Еден од нашите приоритети е целосното искористување на развојниот потенцијал на земјоделскиот сектор, преку зголемување и окрупнување на земјоделските површини и приноси, што ќе значи и поголеми приходи за семејствата кои се занимаваат и кои егзистираат од  земјоделството.

Затоа е важно земјоделското земјиште да биде во рацете на оние земјоделци на кои земјоделството им е примарна дејност“, посочи министерот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?