05 Декември, 2025
0.0982

МЗШВ: Рокот за аплицирање за субвенции од Програмата за 2017-та е до 15-ти септември, а за мерката Млад земјоделец до 29 август

Објавено во: Агробизнис 24 Август, 2017 16:01

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците, дека рокот за  поднесување барања за субвенции за земјоделство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година, кој почна на 3-ти јули годинава, трае до 15 септември 2017 година. 

Земјоделците можат сами да поднесат барање за директни плаќања преку Е-Барање кое е поставено на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Оние земјоделци кои не се во можност сами да си креираат барање, најдоцна до 30 Август годинава треба да побараат техничка поддршка од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за да можат да го запазат рокот за аплицирање на 15 септември. За помош околу аплицирањето земјоделците можат да ги користат и услугите на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување на документи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели, пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор. Постапката за поднесување барање за директни плаќања е иста како и претходната година.  На сите огласни табли на Подрачните единици на Министерството за земјоделство, на видно место се истакнати сите потребни информации за аплицирање.

Воедно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците, дека аплицирањето за мерката за „финансиска помош на млади земјоделци за започнување земјоделска дејност“ од Програмата за  рурален развој 2017, трае до 29.08.2017. Аплицирањето за финансиска поддршка за мерката за подигнување на нови повеќегодишни лозови и овошни насади и за мерката за набавка на приплодни грла е до 01.09.2017.

Земјоделците е важно да ги испочитуваат роковите за аплицирање, за да може поднесените барања навреме да се обработат и субвенциите да се исплатат согласно предвидениот распоред во текот на годината, кој е усогласен со типот на земјоделското производство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?