МЗШВ: Се деблокира процесот за исплата на обештетувањата од штетите од временските неприлики во 2016 година
Објавено во: Агробизнис 26 Септември, 2017 17:13
Владата на Република Македонија денеска го усвои Акцискиот план за постапување по предметите за настанатите штети од временските непогоди што се случија во 2016 година, а што беше започнато според одредбите од Законот за заштита и спасување.
На овој начин се одблокира процесот за исплата на обештетувањата на земјоделците кои во 2016 година претрпеа штети во земјоделското производство од пролетниот мраз, град и поплави.
Врз основа на одлуката на Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе формира Комисија составена од претстваници од МЗШВ, Министерство за финансии, од Биро за судски вештачења и од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Комисијата ќе биде задолжена за прегледување на елаборатите и барањата за штети, како и утврдување на конечниот список на лица, висината на штетите кои треба да се надоместат, а настанати како резултат од временските непогоди кои ја зафатија Македонија во 2016 година, а кои беа започнати согласно одредбите од Законот за заштита и спасување.
Во следниот период членовите од Комисијата ќе ги посетат општините кои минатата година беа пријавиле штети од временските непогоди и заедно со општинските Комисии ќе ги обезбедат податоците кои се потребни за довршување на процесот за исплата на обештетувањата на земјоделците.
Ќе бидат посетени 14 општини, во кои штети врз земјоделските култури имаат пријавно околу 5.500 земјоделци. Исплатата на обештетувањата ќе се врши согласно Законот за земјоделство и рурален развој. Најмногу барања за исплата на обештетувања има пријаво во општината Ресен, каде што над 2.300 земјоделци поднеле барања.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





