02 Декември, 2024
0.1066

МЗШВ: Срамно и недозволиво е несреќен случај да се користи за политички манипулации со јавноста

Објавено во: Агробизнис 16 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најостро ги осудува и демантира информациите изнесени на поратлот Курир.мк, а во врска со сообраќајната несреќа на лицето Н. Б вработено во кабинетот на МЗШВ. Лажни и невистинити се информациите дека лицето патувало надвор од работно време, а манипулаторски се прашањата дали лицето имало дозвола за управување со возилото и дали случајот е пријавен во МВР.

МЗШВ најодговорно тврди за што има докази, дека лицето Н.Б на ден 09.07.2018 година, понеделник, во работен ден и во работно време, со налог за управување на службено возило „Дачија Дастер“ потпишан од  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски беше на работен состанок во Подрачната единица на МЗШВ во Берово. Сообраќајната несреќа се случи непосредно по завршување на работните обврски и на состанок во Подрачната единица Берово, на патот кон Скопје.

Сообраќајната несреќа е евидентирана и во службениот билтен на Министерството за внтарешни работи објавен на веб страната на МВР на ден 10.07.2018 ( http://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/1182) . Во билтенот се посочени сите детали.

Извадок од билетнот на МВР:

„ На 09.07.2018 година околу 17,10 часот на регионалниот пат Виница-Берово поточно на мостот на Ленишка река, патничко моторно возило „Дачија Дастер“ со скопски регистерски таблици управувано од Н.Б. (26) од Виница поминало на левата сообраќајна лента, при што возилото се свртело странично и со десната страна удрило во метална ограда од мостот и завршило под мостот. Возачот Н.Б. со возило на Итна медицинска помош  бил пренесен до Клиничката болница во Кочани, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот бил извршен  од страна на увидна екипа од Полициската станица Берово. Се работи на целосно расчистување на случајот“. 

Срамно и недозволиво е несреќен случај да се користи за политички манипулации со јавноста, а човечката несреќа да се употребува за клеветење и за собирање на политички поени. МЗШВ е згорозено од вакви клевети и поигрувања со човечки живот и бара извинување од порталот Курир.мк.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.