МЗШВ: Зошто протести кога лубениците се откупуваат
Објавено во: Агробизнис 06 Јули, 2018 14:52
Додека земјоделците протестираа и го блокираа патот, камиони за откуп чекаа да откупуваат лубеници во Струмица, па според тоа очигледно е дека некој ги доведува во заблуда земјоделците, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од таму велат дека и денеска се врши непречен откуп на бостан.
– Во последните седум дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денеска се планира откуп од околу 130 тони лубеница, наведуваат од МЗШВ.
Според Подрачната единица во Струмица, посочуваат од Министерството, во следните денови се планира откуп уште на 200 тони, а откупната цена е задоволителна и се движи од три до четири денари по килограм.
– Министерството и натаму ја следи состојбата на терен и ќе интервенира доколку за тоа има потреба. МЗШВ интензивно работи и на носење мерки што на долг рок ќе ги решат проблемите со откупот на земјоделските производи, стои во соопштението.
Воедно, се повикуваат сите земјоделците кои имаат каков било проблем, да ги контактираат подрачните единици на МЗШВ или директно Министерството за земјоделство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





