Њујорк Тајмс: Сторија за децата работници во индиските рудници
Објавено во: Свет 02 Март, 2013 19:24
По спуштањето 20 метри по расклатените бамбусови скали во длабочината, тинејџери рудари влегуваат во црна дупка длабока околу 60 сантиметри и ползат 100 метри низ кал пред да го започнат денот со копање јаглен, пишува во Њујорк Тајмс.
Носат маици со куси ракави, пантолони како пиџами и кратки гумени чизми - но не и шлемови или чизми зајакнати со челик. На главите врзуваат шамии, а на нив прикачуваат мали светилки, и ги полнат ушите со памук. И минуваат цел ден гледајќи и на смртта во лице.
Само два месеци пред целосната имплементација на значајниот закон од 2010, со кој се обврзуваат сите деца во Индија на возраст помеѓу 6 и 14 години да одат на училиште, околу 28 милиони деца се уште работат, велат од УНИЦЕФ. Децата работници можат да се најдат секаде - во продавници, кујни, на фарми, во фабрики и на градилишта. Следниве денови парламентот можеби ќе донесе уште еден закон за забрана на детскиот труд, но дури и активистите велат дека уште закони кои се добредојдени, можат малку да придонесат да се реши овој, еден од најзакоравените, проблеми во Индија.
„Во земјава имаме многу добри закони“, вели Вандана Кандари, специјалист за заштита на децата во УНИЦЕФ. „Но нивната имплементација е проблемот“. 17-годишниот Суреш Тапа вели дека работел во близина на неговата семејна колиба „уште од дете“, и дека очекува неговите четворица помлади браќа да одат по истиот пат. Тој и неговото семејство живеат во малечка колиба од трски и кал во близина на рудниците. Немаат вода од чешма, тоалет или внатрешно затолување во колибата. Пред некој ден, Суреш седеше пред неговиот дом и ги остреше неговата и секирата на татко му - нешто што мора да го прави два пати на ден. Неговата мајка Мина Тапа, седи до него и го дои бебето, и вели дека Суреш самиот избрал да биде рудар.„Тој работи по негова слободна воља“, вели таа. „Никогаш не ме слуша, дури и кога се обидувам на нешто да му укажам“, додава таа со горчлива насмевка.
Законот за рудници во Индија од 1952, забранува секој кој е на возраст под 18 да работи во рудници за јаглен, но г-ѓа Тапа вели дека ако се спроведува тој закон, тоа ќе и наштети на нејзиното семејство. „За нас е потребно тие да работат. Никој нема да ни даде пари. Мораме самите да работите и да се прехрануваме“. Додека индиската влада донела закони со кои се забранува детскиот труд и небезбедните работни услови, државите воглавно не ги спроведуваат овие закони. Државните полиции се многу исполитизирани, па рации во индустриите казнети според политичката сила се ретки. Полицајците редовно добиваат мито од камионџиите кои превезуваат јаглен, со што оваа индустрија стана извор за приходи и за полицајците. Сиромаштијата ги зема своите жртви Во 2010, невладината организација Импулс со седиште во Шилонг, главниот град на Мегалаја, објави дека пронашла 200 деца - некои дури и на 5-годишна возраст - како работат во локалните рудници. Оваа организација проценува дека околу 70.000 деца работат во околу 5.000 рудници. Дивото копање стана толку раширено во областа на планината Џаинта во Мегалаја што пределот сега наликува на површината на месечината, оголено од дрвја и трева. Патиштата се задушени со камиони кои превезуваат јаглен, а покрај патиштата има купишта црни грутки. Но исто ова носи и пари за луѓето од регионот. Суреш вели дека заработува од 37 до 74 долари неделно, што е висока плата во земја каде две третини од населението живее со помалку од 15 долари неделно. Парите ги дава за семејството, вели тој.По ручекот, Суреш е подготвен да се врати под земја. Рече дека гледал како умираат луѓе, „но јас се уште не сум имал несреќа“.
„Па добро“, признава, „еднаш го повредив грбот кога во тунелот влезе кал, но следниот ден повторно моравме да се вратиме на работа“.
„Како да не работиме?“, праша тој. „Мораме да се прехраниме!“
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




