Добивај вести на Viber
Во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче од 9 до 13 часот ЈЗУ „Здравствен дом“ Скопје во петок организира бесплатни прегледи за граѓаните.
Акцијата под мотото „Здравје за сите“ во соработка со Општина Аеродром, вклучува превентивни прегледи од лекар, мерење крвен притисок, гликемија, телесна тежина и височина, како и медицински совети. Тимот го сочинуваат лекар, медицинска сестра и лаборант.
Оваа акција претставува дел од планираните активности на јавната здравствена установа, според програмата на Министерството за здравство, која ги опфаќа руралните средини.