05 Декември, 2025
0.0266

На 30- ти месецов истекува рокот за барање субвенции за продадено млеко

Објавено во: Агробизнис 26 Април, 2013 14:21

Добивај вести на Viber

Рокот за поднесување барање за дирекни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од октомври до декември 2012 година, истекува на 30 месецов.

Барањата се поднесуваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 проценти за млеко кое е произведено на одгледувалишта со надморска височина поголема од 700 метри.

Агенцијата ги потсетува земјоделците и за можноста да поднесат барање за помош за премии за осигурување и тоа за осигурано примарно земјоделско производство со следните максимални површини: за лозови и овошни насади до 10 хектари, за градинарски култури до 2 хектари, за тутун до 2 хектари, за житни култури до 20 хектари и за пчели до 100 пчелни семејства.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?