На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција
Објавено во: Македонија 17 Април, 2024
На 55-годишна возраст вчера ненадејно почина Антон Андов, уредник на постпродукција и графика во „Слободен печат“.
Антон остави белег во македонската продукција со својата богата професионална кариера. Тој претходно беше дел од екипите на А1 телевизија, Канал 5 телевизија и продукциите „Видео лаб“ и „Прва продукција“.