18 Декември, 2025
0.0912

„НА 8 АВГУСТ МИ СТИГНА ПИСМО ОД МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА“: Јакимовски открива што пишува во него

Објавено во: Македонија 14 Август, 2025 07:10

Добивај вести на Viber

Актуелниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, на социјалните мрежи го обвини министерот за економија Бесар Дурмиши, со прашање дали одредена дискотека во Карпош исполнувала минимални технички услови.
На 8 август ми стигна писмо од министерот за економија. Го прочитав и гледам по ѕидовите да не е случајно скриена камера. Министерот за економија Бесар Дурмиши бара од мене да му кажам дали дискотеката Пјур „ги исполнувала минималните технички услови за вршење на дејност“.

Оф мори мајко, сите министри, па и тој министер. Не знае каде се наоѓа.

Министрееее! Белким ти мене треба да ми кажеш дали овој објект ги исполнува минималните технички услови за вршење на угостителска дејност. За таа работа ќе се обратиш на друг шалтер. Шалтер што се вика пазарна инспекција. Ако не си знаел, пазарната инспекција ти е орган во состав на министерството за економија (твоето министерство).

Не ми се верува волку да не знаеш. Се ми се чини дека се обидуваш да купиш време за другарите на Александар Николовски.

Залудни ти се обидите.

Одговорноста е твоја“, напиша Јакимовски.



Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска