25 Ноември, 2024
0.0261

На Американците им се заканува удар во должничкиот плафон

Објавено во: Свет 06 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Еден месец по изборите и победата на претседателот Барак Обама, двете најголеми американски партии се уште не можат да постигнат договор за таканаречената фискална бездна, комбинацијата на повисоки даноци и забрана за нови задолжувања кои се закануваат да ја запрат економијата.

Очекувањата се менуваат од ден во ден, а актуелните проценки се дека Обама и републиканците ќе успеат да постигнат договор за даноците, но дека разликите по прашањето на долгот се непремостливи.

- Апсолутно сме подготвени да паднеме во фискалната бездна, доколку нема можност за договор за повисоките даноци за најбогатите два проценти од Американците, изјави секретарот за финансии Тимоти Гајтнер, кој ги води преговорите од страна на владејачката партија.

И покрај изборната победа, Обама мора да постигне договор со двата дома на Конгресот.

Неговите демократи имаат мнозинство во Сенатот, но во клучниот Претставнички дом републиканците предводени од спикерот Џон Бојнер имаат големо мнозинство.

Првата тема за судир се пакетот даночни олеснувања донесени од страна на претседателот Џорџ Буш помладиот во 2001 година, со кои значително се намалени даноците на доход за сите групи, и високата и средната класа, но кои републиканците оттогаш немаа доволно мнозинство да ги прогласат за постојани, поради што секое нивно продолжување води до политички борби.

Даночните олеснувања истекуваат со крајот на 2012 година, и економските аналитичари се согласни дека ако тие истечат, тоа ќе значи голем удар за американската економија која се уште се бори со последиците од долготрајната рецесија. Републиканците сакаат даночните олеснувања да важат за сите, вклучително и за најбогатите Американци кои сега плаќаат данок од 35 проценти.

 Во текот на кампањата, Обама инсистираше дека даночните олеснувања ќе важат за сите, освен за најбогатите 2 проценти, кои тој сака да ги оданочи по повисока стапка. Републиканската партија е согласна да се укинат голем број на даночни дупки и олеснувања, кои им овозможуваат на сопствениците на компаниите да вратат дел од даноците кои ги платиле, но инсистираат највисоката стапка да остане таму каде што е. Бојнер најави дека републиканците може да прифатат повисоки даночни стапки само ако бидат поврзани со сериозни реформи и кратење на социјалните програми кои го банкротираат американскиот буџет.

- Мораме да го намалиме трошењето, и јас сум согласен во буџетот да добиеме нови извори на приходи. Тие извори на приходи ќе дојдат од богатите, но на начин на кој ќе ги ограничиме нивните даночни олеснувања, а без повисоки даночни стапки, изјави Бојнер.

Преку даночните стапки, двете страни спорат околу улогата на државата во контролирањето на економијата. Републиканците сметаат дека помалку државно мешање и повеќе слобода на пазарот ќе значи повеќе економски развој, намалување на сиромаштијата и високата стапка на невработеност која изнесува 8 проценти. Обама, пак, смета дека со повисоки даноци, државата ќе има повеќе средства да ги ублажи последиците од сиромаштијата и невработеноста.

Но, двете страни бараат начин и како да ја искористат оваа борба за политичка полза.

Обама изминативе денови посетува фабрики низ САД, каде држи говори во кои ги обвинува републиканците дека се партијата на богатите. Белата куќа ги користи и социјалните мрежи, повикувајќи ги граѓаните да вршат притисок врз своите републикански конгресмени, и да ги натераат да прифатат договор.

Обама води кампања со која ги предупредува граѓаните од средната класа дека годишно ќе плаќаат по 2.000 долари повече доколку не биде постигнат договор. Републиканците се обидуваат да покажат конструктивност без да прифатат повисоки даноци за богатите, за кои велат дека ќе значат дополнително затворање на фабрики и отпуштање на работници.

Опозициската партија понуди план со кој се обврзува дека во следните 10 години ќе обезбедат 800 милијарди долари укинувајќи ги разните даночни олеснувања за богатите, но притоа бараат кратење од здравствената програма за пензионерите Медикер за 600 милијарди долари, и уште 600 милијарди долари во други буџетски кратења.

Дури и да се постигне договор околу ‘фискалната бездна’, се очекува дека уште во текот на јануари САД ќе удрат во ‘должничкиот плафон’, границата од 16,394 трилиони долари поставена од страна на Конгресот како максималниот долг што властите на САД смеат да го имаат.

Оваа граница е покачена дури 12 пати во текот на изминатите 10 години, но Републиканската партија најавува дека нема да прифати ново задолжување без сериозен договор за намалување на американските расходи.

Долгот на американската централна власт е приближно еднаков на целото годишно производство на државата, и се зголемува за трилион долари годишно, и покрај предизборното ветување на Обама дека ќе го преполови буџетскиот дефицит. Доколку не биде постигнат договор и за ова прашање, автоматски ќе биде скратен буџетот на армијата, како и буџетите на социјалните програми.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната