На автопатот Белград-Нови Сад повредени се две жени и две деца од Македонија
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2022 18:45
Две жени и две деца од Македонија денеска се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Нови Сад во Србија.
Маж загина, додека една од повредените жени е во критична состојба. Српските медиуми објавија дека загинатиот е 56-годишниот М.А. државјанин на Хрватска, а повредените жени и деца се македонски државјани.
Според Blic.rs, сообраќајната несреќа се случила денеска околу 11.50 часот во близина на крстосницата Ковиљ кога автомобил марка „Пежо“ со македонски регистерски таблици во кој биле возачот и повредените сопатници, од засега непознати причини, излетал од патот.
Од ургентниот центар на Клиничката болница Војводина соопштиле дека кај нив се примени две пациентки со тешки телесни повреди на главата и на телата.
„По инцијалната постапка за реанимација, спроведена диајгностика и оперативен третман, едната пациентка е во тешка состојба, хемодинамски нестабилна и сместена е во Ургентниот центар. Кај другата пациентка се уште се спроведува дијагностика и се санираат повредите“, стои во соопштението од ургентниот центар Војводина што го пренесоа српските медиуми.
Според медиумите од Србија, едно од децата е во критична состојба.
foto newnows.rsМожеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




