05 Декември, 2025
0.0294

На Балканот најписмени финансиски се Црногорците, Македонија претпоследна!

Објавено во: Економија, Финансии 08 Декември, 2015 14:02

Добивај вести на Viber

Според истражувањето, кое во 140 земји го спровела агенцијата  Standard & Poor’s (S&P) , 21 одсто од возрасните жители на Македонија се финансиски писмени. За споредба, во Данска која е на врвот на листата таквиот вид на писменост го поседуваат 70 одсто од населението.

Финансиската писменост во целосна смисла на зборот, опфаќа однесување, знаење, разбирање и умешност на користење на финансиските прозиводи.

На просторот на поранешна Југославија финансиски најписмени се Црногорците, 48 одсто од нив. Во Словенија и Хрватска 44% од возрасните жители се финансиски писмени, во БиХ 27%, во Македонија 21% а на Косово 20 одсто од населението.

Од земјите во околината на Балканот, Унгарија има најголем број финансиски писмени лица -54 одсто, следат: Грција 45%, Бугарија 35%, Романија 22%, додека Албанија сo 4 одстo финансиски писмени лица се наоѓа на дното на листата од 140 земји од светот.

Истражувањето покажало дека финансиската писменост на жителите не зависи и од силата на економијата, па така во Јапонија процентот на финансиска писменост е 43%, Јужна Кореја 33%, Кина 28%, Индија 24%.

Финансиски најписмени се жителите на скандинавските земји. Во Данска, Норвешка и Шведска 71 одсто од возрасното население е финансиски писмено, а во Финска 63 одсто.

Од останатите земји, финансиски најписмени се Британците, 67 одсто од нив, на второ место е Германија 66%, Австралија 64%, Холандија 66%, Нов Зеланд 61%, САД и Швајцарија 57%, Франција 52 одсто.

Од економиите во развој , финансиски најписмени се жителите на Јужноафриканската Република 42 одсто, Русија 38% и Бразил 35%.

Финансиската писменост е најниска во Јемен, 13 %, потоа во Албанија, Авганистан, Ангола, Соманија, Таџикистан.

S&P наведува дека на глобално ниво, 35 одсто од мажите се финансиски писмени додека тој број кај жените е помал за 5 проценти и изнесува 30 одсто.

Поимите „инфлација“ и „камата“ им биле најразбирливи на повеќето анкетирани, додека е многу мал бројот на испитаници кои го разбрале значењето на поимот „диверсификација на ризикот“ , се вели во извештајот на Standard & Poor’s

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката