НА БАЛКАНОТ НЕВИДЕНО НЕВРЕМЕ: Дождови и силен ветар од Хрватска и Црна Гора се ближат кон Македонија
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2020
Големо невреме со поројни дождови и силен ветер викендов ги
погоди прво Хрватска, па Црна Гора.
Во Далмација, во повеќе градови ветрот со брзина и од над 100 климетри на час уриваше се пред себе, а во Сплит и во Задар брановите достигнаа висина од 4 до 6 метри. Денеска на удар е и Црна Гора.
Главниот град Подгорица од утринава е зафатен од град и силен ветер, поради што во поедини делови од градот има прекин на електрична енергија. Директоратот за вонредни ситуации ги повика граѓаните денеска, во понеделник и вторник активностите да ги сведат на минимум и доколку немаат потреба да не излегуваат надвор.
Балканот е под силно влијание на влажен бран кој се движи и кон Македонија, па од утре се очекува голема временска промена, дождови и намалување на температурите.