04 Мај, 2024
0.0316

На берење калинки во Валандово со претседателот Иванов и првата дама

Објавено во: Агробизнис 09 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

За да ја промовираат здравата храна и навики, претседателот Ѓорге Иванов со сопругата Маја Иванова береа калинки во Валандово. Во рамки на кампањата „Здрава храна за детство без мана“, претседателот истакна дека децата треба да ја знаат моќта на овошјето и зеленчукот од нашето поднебје. „Навистина ми е мило што децата ги стекнуваат овие навики постојано да се хранат со здрава храна, да се во здрава околина, и навистина да вложуваме за млади за иднината. А ние сме тие што мораме да мислиме за иднината на младите“, изјави претседателот. „Денес сме на нива, каде што со децата имавме берба на калинки. Децата можеа да се запознаат како расте калинката, како се бере калинката, кои се нејзините хранливи состојки. Уште еднаш, од овде од Валандово, повик до сите оние кои се вклучени во правилен развој на децата, да се подигне јавната свест на целото општество за тоа што значи здравата храна за младите поколенија, затоа што здрави поколенија се и здрава држава“, додаде првата дама, Иванова.
Заедно со нив, децата од валандовското основно училиште „Јосип Броз – Тито“ имаа можност да берат калинки и да се запознаат со корисните својства на тој вид овошје.Кампањата се реализира трета учебна година во градинките и училиштата.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?