НА БЕСИЈА ИЉАЗИ Ѝ Е ИЗРЕЧЕНА САМО УСЛОВНА КАЗНА: Ја призналала вината за злоупотреба на службената положба на Токсикологија
Објавено во: Македонија 12 Март, 2025 11:51
Поранешната економска директорка на Клиниката за
токсикологија е осудена минатата недела во скопскиот Кривичен суд, откако
призна вина за злоупотреба на службената положба и овластувања, дознава
„Слободен печат“.
Според обвинителниот предлог, додека била на функцијата организациски директор, таа ги надминала своите овластувања со цел да обезбеди противправна имотна корист за 17 лица.
Со оглед на тоа што пресудата е резултат на признание на вина, таа останува осудителна, а можноста за жалба постои само во однос на изречената санкција. Сепак, бидејќи на обвинетата ѝ е изречена условна казна, малку е веројатно дека ќе има обжалување.
Клиниката за токсикологија планира во одвоена постапка да побара надомест за претрпените финансиски загуби и за штетата врз угледот на институцијата за време на нејзиното директорување.
Во обвинителниот акт, по кој поранешната директорка ја призна вината, стои дека во мај 2024 година таа постапувала спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита. Таа склучувала договори за дело со лица за работен ангажман на Клиниката, а потоа ретроактивно издавала платни налози за исплата на надомест за нивниот наводен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор, но на кои исто така им бил исплаќан надомест. Со ова, буџетот на Клиниката бил оштетен за 659.781 денар, додека ангажираните лица стекнале противправна имотна корист.
Откако Бесија Иљази беше разрешена, новиот директор на Клиниката, професор доктор Андон Чибишев, ги информираше 18-те лица кои со договор на дело работеле во болницата дека повеќе нема да можат да доаѓаат на работа, со исклучок на биологот, чиј ангажман бил неопходен за функционирањето на токсиколошката лабораторија.
Иљази, која на работа доаѓала со преведувач, побарала и на судењето да ѝ биде овозможен преведувач, што е нејзино законско право. Таа инсистирала 18-те лица да продолжат да работат и потпишувала документи со кои се овозможувало да добиваат плати.
Нивните договори истекле на крајот на 2023 година, но тие продолжиле да доаѓаат на работа без формално-правна основа. Професор доктор Чибишев изјави дека Министерството за финансии никогаш не дало согласност за нивно ангажирање, иако била пласирана лажна информација дека такво одобрение постои.
Антикорупциската комисија, како и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, ги оспориле нивните вработувања.
– Овие лица работеа незаконски, беа изманипулирани и престојуваа во Клиниката без правна основа. Дополнително, им беа исплатени една и пол плати, а институцијата претрпе финансиска штета од 650 илјади денари, што е значителна сума за нашата клиника. Овој случај го документирав и ќе го пријавам кај надлежните институции – изјави професор доктор Чибишев.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски
Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак
Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски
ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена
НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите
„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите





