06 Декември, 2025
0.0501

На „Богородица“ километарски колони за влез во Грција?

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2013 16:01

Добивај вести на Viber

Продолжениот викенд и почетокот на годишните одмори предизвикаа колони возила има на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ кон Грција, , а патниците трпеливо чекаат на температури до 40 степени. Командирот на граничниот премин Богородица Васил Тунев, информира дека ударниот бран туристи денеска бил од 7 до 10 часот кога на излез од Македонија автомобилите чекале 25 минути, а автобусите до 30 минути, додека на грчка страна задржувањето било подолго, пренесe „Прес 24“. До 14 часот, како што рече, на граничниот премин „Богородица“ земјата ја напуштиле 5.890 лица, а во Македонија влегле 2.564 лица. Моментно граничниот премин „Богородица“ е речиси празен, но според Тунев нов зголемен бран туристи се очекува доцна попладнево и во раните вечерни часови. Многу порелаксирана е состојбата на граничниот премин „Дојран“, каде ударниот туристички бран бил од 8 до 10 часот претпладнево. Помошник командирот Славе Георгиев соопшти дека автомобилите и автобусите се пропуштале експресно за две до три минути и дека на граничниот премин „Дојран“ и во моментот нема гужва. До 14 часот на „Дојран“ од земјава излегле 571, а влегле 271 лице.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј