НА ДВА МЕСЕЦИ ПРЕД ПЕНЗИЈА - знаел дека е во ризик, но се борел до крај
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 15 Април, 2020 12:09
Доктор Миодраг Лазиќ, познат српски хирург, лекар во Клиничкиот центар во Ниш почина вчера како последица на коронавирусот.
Болните од оваа опасна болест му оддадоа последна почит со песна за неговите залагања.

Како што напиша во својата проштална порака, и покрај неговата возраст и болест, тој не сакаше да се симне од првите редови на борбата, туку остана со својот медицински персонал и го направи она што го знаеше најдобро, спасувајќи ги животите на луѓето.
Тој се памети и по тоа што спаси безброј животи за време на војната во 90-тите години, а почина откако се бореше со коронавирусот. Неговиот пријател го сподели со јавноста прошталното писмо од овој извонреден експерт и човек:„Денес, нè напушти Прим.д-р Миодраг Лазиќ, хирург, голем човек, мојот голем пријател, учител, втор татко. Тој ме замоли да ги пренесам неговите последни зборови“, пишува пријателот.
Еве што има во писмото.
„Отидов искрено и фер. Како директор на УЗ два месеци пред пензија, јас застанав пред моите луѓе, драги доктори и медицински сестри. Бев на фронтот, не се криев, напротив. Знаев дека со сите мои болести и години имав голем ризик, но честа и гордоста не ми дозволуваа да се скријам. Таков бев и на бојното поле Краина во текот на една година, на бојното поле во Сараево 4 години, за време на бомбардирањето на НАТО. Не сакав да заминам тивко, туку онака како што одев целиот живот, како што го знаат моите пријатели, колеги, семејство. Сите ми рекоа да се тргнам, но никогаш не би си го простил тоа“, е дел од прошталното писмо.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





