На факултетите во Скопје владее непотизам
Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2013 16:44
Пари за да положат испит дале околу 10 отсто од студентите на Универзитетот во Белград. Секој втор мами за време на студиите, а 20 проценти од нив имаат директно искуство со ситуацијата во која професорот дава повисока оценка поради врска, покажува најновото истражување на Белградската отворена школа.
Во Белград, Пловдив, Скопје и на Универзитетот во Молдавија студентите слично ја оцениле распространетоста на поткупот на своите факултети. Околу 20 отсто изјавиле дека поткупот е широко распространета појава, со тоа што во Загреб тоа е значително помалку, под пет проценти.
Меѓународното истражување е извршено во текот на минатата година во соработка со Антикорупциската студентска мрежа во Југоисточна Европа, и тоа на пет водечки универзитети во Хрватска, Молдавија, Македонија, Бугарија и Србија, на примерок од 3.463 студенти, изјави претставникот на БОШ Михаило Гајиќ.
Секој втор студент во Скопје смета дека непотизмот е многу широко распространет на неговиот факултет, а речиси члетири до 10 студенти во Белград го имаат истото мислење.
- Токму универзитети од овие два града „водат“ во директното искуство со непотизмот, пристрасноста, при уписот на факултет, истакнува Гајиќ.
Во Белград околу 20 отсто од студентите купуваат книги од професорите за да добијат повисока оценка, во Пловдив речиси 30 отсто, во Скопје околу 40 проценти, Загреб околу 10, а во Молдавија малку повеќе од 15 проценти.
Истражувањето покажало дека студентите се толерантни кон одредени коруптивни појави.
Мамењето на испити најмногу е застапено во Загреб (дури 75 проценти), потоа во Пловдив (околу 60 отсто), Белград (околу 50 отсто), Скопје (помалку од 50 проценти) и Молдавија (околу 45 отсто).
Како главни проблеми со кои се соочува универзитетот, студентите ги наведуваат неодговорниот став на професорот кон наставниот процес, слабо опремените факултети, недоволната комуникација професор-студент и исклученоста на студентите од процесот на донесување одлуки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





