Добивај вести на Viber
На годинешниот Фестивал на младо вино, Тиквеш се приклучи на акцијата „Заедно до дома“, реализирана од Црвениот крст на град Скопје, при што се обезбедија 200.000 денари. За посетителите на фестивалот, ВВ „Тиквеш“ подготви уникатен подарок – младо вино од годинешната берба, дополнително мотивирајќи ги посетителите да дадат индивидуален придонес.
Оваа новина на петтиот по ред Фестивал на младо вино, беше извонредно прифатена од многубројните посетители, кои можеа и да се вклучат во оваа акција, благодарение на соработката на „Тиквеш“ и Црвениот крст. Од донациите на посетителите на Фестивалот на младо вино беа собрани околу 100.000 денари, а ВВ „Тиквеш“ донираше дополнителни 100.000 денари, со што уште еднаш ја потврди својата определба за општествено одговорно работење. На ваков начин посетителите имаа причина повеќе да се вклучат и да дадат поголем придонес, имајќи во предвид дека „Тиквеш“ ќе обезбеди дополнителни средства во висина на собраниот износ од индивидуалните донации.
„О
собено сме горди и задоволни што годинава на Фестивалот на младо вино посетителите со задоволство ја прифатија нашата иницијатива заеднички да се вклучиме во една акција чија цел е да им се помогне на оние на кои тоа намногу им е потребно. Среќни сме што нашата иницијатива беше прифатена одлично од посетителите. Винарницата и понатаму продолжува да поддржува и да поттикнува активности кои се во интерес на пошироката заедница“, истакна
Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.
Судејќи според огромниот интерес што ја предизвика оваа хумана акција кај посетителите на фестивалот, таа несомнено претставува совршен спој на убавото и полезното со што ВВ „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност. Црвениот крст на градот Скопје што ја реализира акцијата „Заедно до дома“ изрази огромно задоволство од резултатите од оваа заедничка активност со ВВ „Тиквеш“.
„Со задволство ја прифативме иницијативата на „Тиквеш“ за приклучување во проектот. Ние сме пријатно изненадени од резултатот и искрено се надеваме дека ќе имаме уште успешни проекти со „Тиквеш“ и во иднина. Посетителите на Фестивалот на младо вино покажаа вистинска хуманост и висока свест за потребата од заедничка акција за подобрување на состојбите и обезбедување поддршка на оние што имаат потреба од помош“, истакна
Сузана Т. Пауновска, секретар на Црвен крст на град Скопје.
Настанот Фестивал на младо вино на ВВ „Тиквеш“ е прв и единствен од ваков вид во земјава и придонесува за развој на винската култура, како и создавање на сопствена традиција, како што е случајот во многу други земји производители на вино. Фестивалот дава и голем придонес во продолжувањето на домашната винска традиција, а пред се придонесува за развој на винската култура во земјата и регионот.