05 Декември, 2025
0.0784

На големо се троши електрична енергија во Македонија

Објавено во: Економија 13 Декември, 2012 14:50

Добивај вести на Viber

Во Македонија вчера е регистрирана рекордна потрошувачка на електрична енергија во декември. Според информациите од ЕВН - Македонија потрошени се 23,97 милиони киловат часови електрична енергија. Рекордна потрошувачка е регистрирана и во Скопје со 9,9 милиони киловат часови електрична енергија, што е за 9 проценти повеќе во однос на овој датум минатата година при температура од 10 степени, наместо вчерашната од нула.

Потрошувачката на електрична енергија месецов е зголемена за 25 проценти, како резултат на температурните разлики, а во однос на лани речиси е изедначена и има само два проценти повеќе во однос на истиот ден минатата година.

Од ЕВН - Македонија посочуваат дека во моментов нема поголеми прекини во снабдувањето. Прекините се подолги само во тешко пристапните места или во високите планински региони. Во градовите или во нисконапонската мрежа нема поголеми прекини, тоа се спорадични прекини во одредени населби каде најчесто страдаат осигурувачите и од невремето се оштетени каблите.

- Во најнепристапните планински места два дена екипите работат на лоцирање на дефектот на далноводите Косел - Песочани и Мешеиште - Песочани. Дефектот е лоциран, снегот натежнал на каблите кои потоа од ветрот и невремето допреле и сега цела таа траса е обвиткана во лед. Се санира дефектот и далноводот брзо ќе биде пуштен под напон. Интензивно во екстремно лоши услови се работи и на отстранување на дефекти во планиските села Лазарополе, Могорче, Гари, Присојница, Требиште, Јабланица и според информациите од терен ќе бидат отстранети до крајот на денот. Во лоши услови се работи на обезбедување на напонска состојба во кичевскиот регион во селата Јагол, Поповјани, Бериково, Папрадишта, Другово, Јаорец, Добреноец, Белица, Брждани, Цер, Велмевци, Царско, како и во гостиварските Тумчевиште, Форино, Чегране и околните села. Во скопскиот регион се работи на прекините во населбите Ѓорче Петров, Шишево, Горна и Долна Маткам, информира портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски.

Тој додаде дека синоќа во 23 и 45 минути при интервенција во трафостаница Ѓорче Петров двајца вработени во ЕВН Македонија од тимот за брзи интервенции беа лесно повредени во екслозија на прекинувач.

- Природата на нашата работа е таква и нашите вработени кои во екстремно лоши временски прилики работат  постојано на отворено се подлежни и на вакви опасности. За среќа, во случајов минаа со полесни опекотини, истакна Ковачевски.

Тимовите на ЕВН, како што рече, беа на терен и работеа на отстранување на прекини во мрежата, на екстремно ниски температури, за да може корисниците да имаат нормално снабдување. Од компанијата бараат разбирање од корисниците при вакви услови за работа.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката