На Ќафасан запленета марихуана
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2016
На граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница, вчера цариниците заплениле 2,7 килограми марихуана, сокриена во автомобил со македонски регистарски ознаки, што го управувал 34-годишниот Е.М.
Во возилото се пронајдени 12 најлонски пакетчиња со марихуана, сокриени на повеќе места во возилото.
Во багажниот простор под резервната гума, имало четири најлонски пакетчиња, наполнети со тревкаста материја со зеленкаста боја и со карактеристичен мирис. При понатамошниот преглед, во кој беше користено и царинско куче за откривање наркотици, беа пронајдени уште осум најлонски пакетчиња со иста содржина, во багажниот простор во внатрешниот дел на левото задно крило, во делот за вентилација во предниот дел од моторот и во просторот над предната светилка која се наоѓа на покривот од возилото. Тестерот за наркотици покажа дека се работи за наркотично средство – канабис сатива. Вкупната тежина на откриената дрога изнесува околу 2 килограми и 688 грама.
Осомничениот бил веднаш уапсен и предаден на инспекторите од одделението за истраги. Во предистражната постапка, според царината, било утврдено дека осомничениот ја купил марихуната во Елбасан за 500 евра.
По комлетирање на сите докази, Царинската управа против сторителот ќе поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори до надлежното јавно обвинителство, а сторителот ќе биде предаден на надлежен судија на претходна постапка“, додаваат од царината.